Текст:Двете магариња

Двете магариња



Автор:
Македонская народная









Язык оригинала:
Македонский язык





Си имал еден чоек две магариња што си работел. Од голема сиромашија не можел да 'и преранит, 'и изваде, та 'и продаде. Едното го купил еден богат чоек, а другото еден мајстор каменар. Богатиот го купил за да му вјаат едно седмоготче дете, а пак каменарот за да му носит камење.

По време се нашле магарињата на едно место и се виделе, та се здравуале; брацки се испољубиле.

— Море како си ти, бре брате — едното му вели на другото — како поминуаш, како живееш кај што те продаде стопан ни?

— Од арно поарно си поминуам, побратиме — му рекло другото — чунки два саата на ден носам тоар дете од седум години за да го однесам на даскал и да го донесам. Сеното најчисто, полни ми сет јаслите; јачменот саан ми го даваат; кај што лежам, сметено, очистено, — мед да истуриш и да собериш; саде ќеф терам, побратиме. Ами ти како живееш кај што си, ако не ми кажиш.

— Оф, бре брате — му рекло другото — не прашај ме, ти се молам. Прво види ми саднава, после пршај ме. Пусти к'смет мој, кај ме отера кај еден каменар, ич немилостив. Кога да ме тоарат со камење, ич инсав немат. Еднипати, кога да ме тоарат, од сто ока згора ми клават. Господ да му платит, кожата ќе ми ја одерит. А пак за јадење од трње друго не сум каснал. Едно шуќур велам што навечер ми го вадит самарот и си се прпелам во правојте, пеплиштата, оти уште прпелањето ако го немав, одамна беше ми се одрала издупенава кожа. Еве овој ет мојот помин, побратиме мили — му рекло магарето што носело камење.

— Ах, како не бев и јас при твојот стопан, да ако носев тешки камење, туку да се поиспрпелав по пеплиштата и да се изанајадев трње и стрниште — така му рекло првото магаре, што беше у багатиот.